|

Трагедија во кумановско, застрелан ловџија

Шеесет и седумгодишен кумановец утринава е убиен додека бил на лов во кумановското село Гарбеш. Ловџијата го застрелал негов пријател со кого заедно заминале на лов на дивеч. Од повредите ловџијата починал на самото место.

Несреќата се случила утринава околу 8 часот, во шума во близина на селото Габреш.

„Во 08.00 часот во СВР Куманово И. С. (59) од Куманово пријавил дека во село Габреш, место викано Островица, пукајќи во лов го застрелал Ч. Р. (67) од село Лопате. Од страна на Брза помош е констатирано дека лицето починало, а увидот е се уште во тек“, соопшти СВР Куманово.

Неофицијално, ловџиите утринава заедно заминале на лов, по што се разделиле. По извесно време без да знаат се приближиле еден до друг во густиот дел шумата, по што ловџијата мислејќи дека видел дива свиња пукал во пријателот.

Полицијата работи на расчистување на случајот.



Слични Објави