|

„ТРАЈНИТЕ“ ДОЗВОЛИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВАЖАТ И ЗА ОВОЈ ВИКЕНД

Земјоделците кои имаат работни обврски на нивите или фармите во нивното место на живеење, без дозволи може да се движат за време на карантинскиот викенд што почна синоќа од 21 часот.

Земјоделците, пак, чии површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот во кое живеат и треба да патуваат, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, мора да имаат дозволи за движење и да ги носат со себе.

Но, како што соопшти ресорното Министерство, сите претходно издадени дозволи за движење за време на полициски час кои имаат назнака „трајни“, продолжуваат да важат и во овие денови, од 4 до 8 јуни.

Слични Објави