| |

Тракискиот универзитет во Стара Загора подготвува кадри за енергетската транзиција

Тракискиот универзитет во бугарскиот град Стара Загора отвори Факултет за дигитални и зелени технологии, а преку европскиот проект H2START планира изградба на истражувачки центар за чисти водородни технологии. Двете иницијативи се дел од напорите за подготовка на кадри за енергетската транзиција на регионот, пишува бугарскиот весник „24 часа“.

Проектот H2START, вреден околу 30 милиони евра, се спроведува во рамките на програмата „Хоризонт Европа“. Предвидено е центарот во Стара Загора да има лаборатории за истражување и развој на водородни технологии. Според податоците на универзитетот, вкупната вредност на проектите што ги спроведува надминува 100 милиони евра. Седум од нив се поврзани со енергетската транзиција и со зелената и дигиталната економија.

Центарот за стручно образование при универзитетот планира обуки за доквалификација и преквалификација во областите на вештачката интелигенција, компјутерското проектирање, 3Д-печатењето и индустриската мехатроника.

„Наша задача е студентите да добијат квалитетно образование, добра практична подготовка и реални можности за вработување. Сакаме младите да гледаат иднина тука, во Стара Загора и во регионот“, изјави ректорот, проф. Мирослав Карабалиев.

Слични Објави