Трамп: „Невозможно е да се добие војна без напад врз агресорот“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е „многу тешко, дури невозможно, да се добие војна без да се нападне земјата-агресор“, коментирајќи ја војната во Украина, јавува Актуално.
Трамп даде споредба со спортот: „Имаш одличен тим со фантастична одбрана, но не му дозволуваат да игра во напад. Нема шанси за победа. Истото важи и за Украина и Русија“.
Во својата социјална мрежа Truth Social, тој го обвини претходниот претседател Џо Бајден дека не ѝ дозволил на Украина да нанесува удари, туку само да се брани. „И каков е резултатот? … ова е војна која никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател – никаква шанса. Доаѓаат интересни времиња“, напиша Трамп, оставајќи загатка за идните настани.
По објавата, Трамп сподели и две фотографии – на првата тој покажува со прст кон рускиот лидер Владимир Путин, а на втората е историски момент од 1959 година, кога тогашниот американски потпретседател Ричард Никсон се среќава со советскиот лидер Никита Хрушчов.
