БОЛНИЦИТЕ ВО БИТОЛА И КАВАДАРЦИ ДОБИЈА РЕСПИРАТОРИ – ДОНАЦИЈА ОД КОМПАНИЈАТА „ДМ“

//

Најголемиот дрогериски синџир во Европа „ДМ“ донираше два респиратора за да ја помогне борбата против коронавирусот, соопшти компанијата. Вкупната вредност на донацијата е 36.600 евра. Респираторите се донирани во Министерството за здравство, кое ги распредели во ЈЗУ Општа болница во Кавадарци и ЈЗУ Клиничка болница во Битола.

„‘ДМ‘ е компанија заснована на принципите на друштвена одговорност. Се надеваме дека овие два респиратора „примус“ од германскиот производител ‘Дрегер‘ ќе бидат од помош во оваа борба со пандемијата, но и ќе помогнат при лечење на пациентите со хронични болести, на кои исто така не смееме да заборавиме”, изјави Предраг Петровиќ, член на управата на „ДМ“ за Србија и Македонија.



Компанијата „ДМ“ неодамна одбележа седум години успешно работење на македонскиот пазар.

Претходна статија

ОБВИНЕТИОТ ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ НА СУДЕЊЕ ДОЈДЕ БЕЗ АДВОКАТ, БИЛ ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУС, И САМ ПОБАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА ОБВИНИТЕЛОТ

Следна статија

ВЕЛЕШАНЕЦ ПРИЈАВИЛ ПОЧИНАТО ЛИЦЕ НА УЛИЦА, ТЕЛОТО НА ОБДУКЦИЈА

Најново од Вести