|

ТРАМП СЕПАК МУ ГО ЧЕСТИТА 8 СЕПТЕМВРИ НА ПЕНДАРОВСКИ

По повод 8 Септември, Денот на независноста, писмo со честиткa до претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски упати претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, јавува Канал 5.

Во писмото се вели дека претседателот Трамп и американските граѓани упатуваат срдечни честитки до претседателот Пендаровски и граѓаните на Македонија, по повод 28-та годишнина од нашата независност.

-Ви честитам за континуираното спроведување на историскиот Договор од Преспа, кој носи поголема безбедност и просперитет за граѓаните на Македонија. Посветеноста на вашата земја на демократските принципи, владеењето на правото и отчетноста на владата се за пофалба. Соединетите Американски Држави силно ја поддржуваат Македонија на нејзиниот пат кон членството во НАТО, и со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата соработка во унапредувањето на мирот, просперитетот и стабилноста во регионот”, стои во писмото на претседателот Трамп до претседателот Пендаровски.



Слични Објави