ТРАМП ЗА ВООРУЖЕНИТЕ ДЕМОНСТРАНТИ ВО МИЧИГЕН: ТОА СЕ ДОБРИ ЛУЃЕ И ГУВЕРНЕРКАТА ТРЕБА ДА СЕ ДОГОВОРИ СО НИВ

/

Вооружените демонстранти упаднаа во државниот сенат во Мичиген за време на оддржување на седница, барајќи крај на вонредната состојба, по што сенаторите одлучиле да носат панцири за време на седниците.

Претседателот Доналд Трамп исто така се огласи преку Твитер најгласувајќи дека демонстрантите во Мичиген се „многу добри луѓе“ и посочи дека гувернерката Гречен Витман, припадник на демократите, треба да постигне договор со нив.

„Гувернерката на Мичиген треба да им излезе во пресрет и да ја смири ситуацијата. Тие се многу добри луѓе, но се лути. Тие си ги сакаат своите животи назад. Нека се сретне и разговара со нив за да најдат компромис“, напиша американскиот претседател.



Портпаролот на полицијата во Мичиген изјави дека на демонстрантите им е дозволено да носат оружје во државата Мичиген, вклучувајќи го и Сенатот, сè додека тоа е во рамките на законите и се додека оружјето е видливо.

Претходна статија

КРАЈОТ НА ЕПИДЕМИЈАТА СЕ БЛИЖИ: ВО КИНА, САМО ЕДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС

Следна статија

НА КЕЈ ПОВТОРНО НАПАД НА КУЧЕ СКИТНИК

Најново од Вести