ТРАНСФЕР ИЗМАМА: СЕ ПОФАЛИЛЕ ДЕКА ДОНЕЛЕ ЅВЕЗДА ОД ПРЕМИЕРЛИГА, НО ПОТОА БИЛЕ ШОКИРАНИ!

/

Почна летниот преоден рок, па клубовите бараат засилувања за следната сезона, додека дел од фудбалерите се обидуваат да добијат подобри договори. Сепак, никој не е имун на измами, а токму една таква се случила минатата година во Литванија.

Литванскиот второлигаш Паневежис не го криел воодушевувањето кога го ангажирал 25-годишниот фудбалер Баркли Мигел Панцо, па тие гордо објавиле дека тој со голем успех играл за неколку европски клубови.

Тие биле убедени дека ангажирале фудбалер, кој на 36 меча од 2010 до 2012 година настапувал за Квинс Парк Ренџерс и притоа постигнал 45 гола. Потоа тој настапувал за француски нисколигаши, а во 2016 се преселил во Шведска.

Литванците како „доказ“ ја објавиле неговата биографија од Википедија, која била лажна. Фудбалерот никогаш не играл за КПР, а за нисколигаш во Шведска одиграл само пет меча.



Оваа приказна експресно станала хит, а од биографијата на фудбалерот на Википедија потоа била избришана информацијата дека играл за КПР

Извор: Спорт1

Претходна статија

КАТАЛОНСКИ „СПОРТ“: НЕЈМАР СО БАРСЕЛОНА ДОГОВОРИ ПЕТГОДИШНА СОРАБОТКА

Следна статија

АНТЕТОКУМПО НИЗ СОЛЗИ: МОЈАТА МАЈКА Е ХЕРОЈ, А И ТАТКО МИ Е ЗАСЛУЖЕН ЗА НАГРАДАТА!

Најново од Вести