АНТЕТОКУМПО НИЗ СОЛЗИ: МОЈАТА МАЈКА Е ХЕРОЈ, А И ТАТКО МИ Е ЗАСЛУЖЕН ЗА НАГРАДАТА!

/

Грчкиот кошаркар Јанис Атетокумпо по фантастичната сезона во Милвоки ја освои МВП-наградата во НБА-лгата, а потоа одржа емотивен говор, кој го расплаче.

Ѕвездата на Милвоки прво зборуваше за мотивите кои му помогнале да ја освои наградата.

„Пред две години имав цел во својата глава, а тоа е да бидам најдобар кошаркар во лигата. Ќе дадам максимум за да бидам МВП. Сепак, мојата мајка е херојот. Кога си дете, не ја гледаш иднината. А ако имаш добар родител, тој ја гледа иднината наместо тебе. Таа секогаш го гледаше тоа во нас“, кажа Антетокумпо.

Во продолжение низ солзи, Антетокумпо со многу емоции зборуваше и за својот татко, кој почина во 2017 година, а кој е една од причините за неговите настапи.

„Истотака и мојот татко. Сакам да му се заблагодарам. Тој не е со мене сега, но секој ден кога одам по паркетот мислам на него и тоа ме мотивира да напредувам“, вели грчкиот кошаркар.



Извор: Спорт1



Претходна статија

ТРАНСФЕР ИЗМАМА: СЕ ПОФАЛИЛЕ ДЕКА ДОНЕЛЕ ЅВЕЗДА ОД ПРЕМИЕРЛИГА, НО ПОТОА БИЛЕ ШОКИРАНИ!

Следна статија

ПОЗНАТИ СЕ СИТЕ ЧЕТВРТФИНАЛНИ ДВОЈКИ НА КОПА АМЕРИКА

Најново од Вести