АНТЕТОКУМПО Е МВП, А ДОНЧИЌ „РУКИ“ НА СЕЗОНАТА ВО НБА-ЛИГАТА

НБА-лигата синоќа организираше доделување на наградите за кошаркарите, кои ја одбележаа минатата сезона. На крајот како што се очекуваше за МВП во минатата сезона е избран одличниот Грк Јанис Антетокумпо, кој играше феноменално во дресот на Милвоки бакс.Освен Антетокумпо, награда доби и младиот словенечки кошаркари, односно за „руки“ на сезоната беше избран Лука Дончиќ, на кого ова му беше прва сезона во најсилната лига во светот.
Словенецот имаше одлични настапи за Далас маверикс и покажа дека станува збор за неверојатен талент, па заслужено беше избран за најдобар „руки“ минатата сезона и доби 98 од 100 можни гласови.
За тренер на сезоната беше избран Мајк Буденхолцер, додека американскиот кошаркар Лу Вилијамс ја доби наградата за шести најдобар кошаркар.Наградата за најдобар одбранбен кошаркар му припадна на Руди Гобер, додека Паскал Сиакам ја доби наградата за кошакар, кој најмногу напредувал. Исто така за најдобар момент во НБА беше избран мечот во кој Дерик Роуз постигна 50 поени.

Извор: Спорт1



Слични Објави