Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане, вели СДСМ
„Не се создадени услови за укинување на техничката влада, единствениот механизам за некаква контрола на изборниот процес и мора да остане. Целосно е окупиран правосудниот систем, воспоставена е контрола врз обвинителството и судството со обвинители и судии блиски до Мицкоски“, велат од СДСМ.
„Премиерот Мицкоски јавно дели задачи од собраниска говорница, нарачува прогон врз опозцијата со неговите „чувства“. Институциите се далбоко партизирани.
МВР повторно се користи како во времето на Груевски а со новиот Закон за полиција брутално се партизира, се острануваат професионалците и се поставуваат само партиски послушници.
Власта не прифати закон за „safe city“ за заштита од злоупотреба на податоците од камерите. Орбановата машинерија во 40% од медиумите се злоупотребува постојано за црни кампањи, линч на опозицијата и неистомислениците.
Поради истите причини и беше воведена техничкаа влада. Нема никаква разлика од времето на Никола Груевски во 2016 година. Донесен закон со консензус, мора и да се укине со консензус. Не само тоа, туку и со поддршка од меѓународната заедница“, соопшти СДСМ.
