Оружје и дрога пронајдени во домот на 67-годишен битолчанец
Битолчан,ец со иницијали К. Н. на 67-годишна возраст, бил уапсен во текот на вчерашниот ден кога при полициски претрес на неговиот дом и други простории на улицата Илинденска во Битола биле пронајдени и одземени марихуана, таблети, две ловни пушки, пиштол и куршуми.
Од МВР информираат дека против 67-годишникот ќе бидат поднесени пријави поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје.