Д-Р ЛАЗАРОВ ДО ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ И ИНФЕКТОЛОЗИТЕ: НЕМАТЕ НИ ПРИБЛИЖНО ДОВОЛНА ДАТАБАЗА ЗА ПРОГНОЗИ И АНАЛИЗИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ

//

Јас како медицински професионалец и научно ориентиран, ќе почекам да ја коментирам состојба по однос на прогноза со епидемијава со SARS-COV-2 се додека не почнеме со скрининг и барем 1500 тестови на ден, кога ќе можам да упатам на тест пациент вон овој моментално актуелен “obsolete” алгоритам на упатување заради кој пропуштаме многу, премногу.

Со цела почит до епидемиолозите и инфектолозите, ама немате ни приближно доволно голема датабаза за да правите анализи и прогнози за епидемијава со таква самодоверба, во момент кога од околу 18.000 тестови до сега направени, се бројат и контролните, а сведочиме се поинтригантни информации околу процентот на грешни резултати и спорни тест китови глобално.

Мој личен и професионален став е дека на кривата на епидемијава, немаме поим точно каде се наоѓаме и една мала грешка може да не чини многу.
Недефиниран е имуниот статус по прележување COVID19, оттука за “herd immunity” не можеме да дискутираме пред појава на ефективнa, безбедна и широкодостапна вакцина, дотогаш мора да се промени начинот на живот.

ФБ СТАТУС НА Д-Р НЕНАД ЛАЗАРОВ





Претходна статија

(ФОТО) ЛИТИЈАТА ВО СТРУГА ОД ДРУГ АГОЛ

Следна статија

КОГА МАКЕДОНЦИТЕ И БУГАРИТЕ ЌЕ ГО ПОДЕЛАТ ГОЦЕ, ТОГАШ ХРВАТИТЕ И СРБИТЕ ЌЕ ГО ПОДЕЛАТ ТЕСЛА

Најново од Вести