Третиот бугарски медицински хеликоптер пристигна во Бугарија
Третиот бугарски хеликоптер за итна медицинска помош по воздушен пат слета во Бугарија, јавува БГНЕС.
Воздушната амбуланта привремено ќе биде сместена во регионалната база на HEMS во Сливен.
Втората авионска амбуланта пристигна во Бугарија на крајот на февруари. Таа беше стационирана во регионалната база на ХЕМС во Сливен. Таму работат осум воздухопловни тимови, составени од 9 лекари и 8 медицински сестри. Екипите ја поминаа задолжителната обука, како и потребните прегледи, според барањата за европска авијациска медицинска класа 2.

