|

Три земјотреси за половина час во Бугарија

Европскиот медитерански сеизмолошки центар во рок од 30 минути регистрира три слаби земјотреси во јужна Бугарија.

Најсилниот бил во 10.15 часот, со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 13 километри северо-североисточно од Димитровград и на 30 километри од Стара Загора, на длабочина од два километра, пренесува „Новините“.

Вториот земјотрес се случи неколку минути подоцна во истата област. Неговата јачина била 2,5 степена според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 13 километри северозападно од Харманли, на длабочина од два километра.

Слични Објави