19 ДОБРИ ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА СЕ ГУШКАМЕ ПОЧЕСТО

  1. Ова е најлесниот и најбрзиот начин да се чувствуваме среќни.
  2. Се чувствуваме побезбедни и си го олеснуваме животот.
  3. Со гушкањето ние ги правиме нашите пријатели, сопрузи и деца посигурни околу нас. Ја зголемуваме нивната самодоверба.
  4. Прегратката е најубавата форма на комуникација.
  5. Ја намалува нашата загриженост.
  6. Стануваме по социјални. Се чувствуваме поудобно во општеството.
  7. Гушкањето нè прави да се чувствуваме помалку тензични, немирни и нервозни. Можеме полесно да се справиме со стресот.
  8. Гушкањето ни помага да спиеме подобро ноќе и кога ќе се разбудиме да се чувствуваме енергично, подготвени за новиот ден.
  9. Стануваме почувствителни.
  10. Помага при намалувањето на болката и е еден од најдобрите начини за справување со тагата.
  11. Нашата посветеност и лојалност кон нашите пријатели, сопружници и деца се зголемува.
  12. Имаме поискрени врски, ослободени од лаги.
  13. Прегратките се клучни за полесна бременост.
  14. Прегратките можат да помогнат во спречување на постродилната депресија кај мајката.
  15. Гушкањето ја зголемува интимноста помеѓу партнерите.
  16. Нашите интимни партнери изгледаат попривлечни за нас кога почесто ги гушкаме.
  17. Нашите прегратки не спречуваат да се впуштаме во непотребни битки, конфликти и спорови во нашите врски.
  18. Тие ни помагаат да се заљубиме и да останеме заљубени. Тие ја ублажуваат болката во срцето.
  19. Најголемата придобивка од прегратката е можноста да нè заштити од депресија. Ни овозможува да се справиме со секојдневниот стрес на наједноставниот, најтрајниот и лесен начин. Го намалува времето на лекување во долги, заморливи психолошки или психијатриски процеси.

Слични Објави