„ТРИБУНА“ СОВЕТУВА: КОГА ЌЕ АПЛИЦИРАТЕ ЗА ВИСОКА ФУНКЦИЈА НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО ТРЕБА ДА НАВЕДЕТЕ ОБРАЗОВАНИЕ ПИШЕТЕ: „ПРИВАТНА РАБОТА“

Инспирирани од одговорот на генералниот секретар на Владата на Р. Македонија, Драги Рашковски даден во изјава за Фокус, дека неговото образование е приватна работа, нашиот портал ве советува. Следниот пат кога ќе одлучите да конкурирате за работа или пак ќе ве назначат на висока државна функција во делот во CV-то каде што треба да го наведете вашето образование, едноставно напишете дека тоа е приватна работа. Штом тоа важи како оправдување за Рашковски, кој повторно се најде под ударите на Диме Апасиев од „Левица“, може да важи и за вас, бидејќи сите сме рамни пред законот (барем на хартија).