ТРИЧКОВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ Е ФЕНОМЕН НИЗ КОЈ МАКЕДОНЕЦОТ ГО ПРЕКРШУВА СВЕТОТ КАКО КОКАИНИЗИРАНА БУДАЛА

„Астероидот што удри во Македонија и го уништи живиот свет на здравиот разум, се вика вмро-дпмне!
Тој камен ја крена сета магарешка прашина, го замагли сонцето и ја спушти ролетната на ноќта и смртта.
Без респект кон оваа научно сознание, кое јас го повторувам триесет години, не можеме да дојдеме до квалитетен одговор на прашањето што ни се случува, зошто ни се случува и како понатаму.
Се разбира, во времето на транзицијата врз нашите глави паднаа мал милион камења, некои нанесоа големи штети, џумки, потреси на мозокот, фрактури, амнезии, но ниту еден не влијаеше така генерално и страшно врз живиот свет на нашата мала планетичка.
Вмро-дпмне е политички и идеен проблем, но пред се тој е културолошки проблем, тој е феномен низ кој Македонецот го прекршува светот како кокаинизирана будала, а себе се доживува како зависник на кој светот не му дава доволно дрога и ужива да го мачи.
Според тоа и одговорот мора да биде комплексен: културолошка, идејна и политичка, се разбира и правна реакција на општеството, кое пред да се ослободи од вмро, мора да се ослободи од здрвувачкото влијанието на епскиот оклоп врз политичкото тело на чипираните идиоти и од сопствениот опортунизам, кој му овозможува да ги релативизира и прифаќа големите трагедии со помош на клацкалката на која на другиот крај ќе стави некои помали катастрофички.
На Македонците што го преживеаја импактот им претстои тешка и долготрајна битка за обнова на духовниот и културен корпус на нацијата. Зашто таа битка, всушност, е битка за ослободување од другото јас. Без победа во таа битка ние не можеме да дојдеме до реална демократија, до реален политички натпревар, односно до реална и функционална правна држава“, напиша новинарот Бранко Тричковски.