ТРИПУНОВСКИ: 1 МИЛИОН КГ. ТУТУН Е УВЕЗЕН ВО МАКЕДОНИЈА ДОДЕКА ДОМАШНИОТ ТУТУН СТОИ НЕОТКУПЕН

//

Дополнителниот заменик министер за земјоделие Цветан Трипуновски на својот Фејсбук профил сподели видео од свое гостување каде обвинува дека 1 милион килограми тутун е увезен во Македонија во изминативе месец дена, додека домашниот тутун стои неоткупен.

-Заев и Димковски создаваат криза во земјоделието. Ова мора да заврши, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Тој ексклузивно во емисијата прикажа фактури и барања за увоз на ориентален тутун, а тоа е исти тутун каков што се произведува во Република Македонија.



-Замислете домашното производство стои нереална проценка, се погазуваат тутунарите во својата мака, а се дозволува увоз на тутун, ова не се измислици и ова треба да го знае македонската јавност, вели Трипуновски.



Претходна статија

ЈАНАКИЕСКИ: ЌЕ ДОКАЖАМ ДЕКА НЕ САКАВ ДА МУ СЕ ОДМАЗДАМ НА ФИЈАТ ЦАНОСКИ 

Следна статија

СЕЛА: НЕ МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ ЗЕМЈА ВО КОЈА ЗА 30 ГОДИНИ НИТУ ЕДЕН ПОЛИТИЧАР НЕ Е ОСУДЕН ЗА КОРУПЦИЈА

Најново од Вести