ТРОЈЦА АДВОКАТИ ВО ТНТ КАЗНЕТИ СО ПО 2000 ЕВРА ПОРАДИ ОБИД ЗА ОДОЛГОВЛЕКУВАЊЕ НА СУДЕЊЕТО
По 13 часа од вчерашното судење за случајот ТНТ, за рушењето на станбениот комплекс Космос на бизнисменот Фијат Цаноски, обвинетите во овој случај меѓу кои и поранешниот министер Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник Тони Трајковски дојдоа во судот, но дел од адвокатите не се појавија на судење, јавува Фокус.
Тројца адвокати кои бранат четворица, од вкупно седум обвинети во предметот денеска не можеле да дојдат и добија казни.
На почетокот на рочиштето, Трајковски го извести судот дека синоќа, по завршувањето на рочиштето кое траеше десет часа и заврши околу 20 часот, му го откажал полномошното на неговиот адвокат, Боро Тасевски.
– Го откажав полномошното затоа што не бев предупреден дека за помалку од 13 часа ќе треба да ја дадам својата одбрана и затоа што немав можност да ја подготвам одбраната во овој краток временски период, рече Трајковски.
За нов адвокат го избрал Јовица Страшевски, но новиот адвокат не можел да дојде денеска бидејќи бил во Бугарија.
Без адвокат дојдоа и две обвинети кои ги застапува адвокатот Дончо Наков кој морал да оди на судење во Куманово. Во судница не дојде и адвокатот Мерџан Адути кој бил во Србија.
Судијата Огнен Ставрев недоаѓањето на адвокатите го нарече обид за одолговлекување на постапката и ги казни тројцата адвокати со по 2000 евра и порача дека ќе ги пријави во адвокатската комора. Според судијата, адвокатот Тасев имал законска обврска да го застапува клиентот 15 дена по откажувањето на полномошното,а другите судења и обврски на адвокатите за него не се оправдување.
Целиот напис прочитајте го овде.

