ЗА ДВА МЕСЕЦА ИНСПЕКТОРИТЕ ФАТИЛЕ 41 ФИРМА ШТО НЕ ДАВА ПЛАТИ, ИЛИ ИСПЛАЌА МИНИМАЛЕЦ

Од 74 инспекциски надзори во декември и во јануари, дури 41 фирма на своите вработени не им исплатила плата во законскиот рок, или не им дала ни минаималец. Ова е одговорот од Трудовиот инспекторат на прашањето на „Слободен печат“ до каде се постапките во врска со скандалозниот податок што пред еден месец го објави директорката на УЈП, Сања Лукаревска, дека има фирми што на работниците им исплатиле плата од нецели 2 денари, или од 5 денари.

loading...

– Државниот инспекторат за труд во текот на декември 2020 година и јануари 2021 година во координација со Управата за јавни приходи спроведе координативни надзори кај правни субјекти кои се регистрирани како корисници на државна финансиска помош за месеците април, мај јуни, октомври и ноември 2020 година. Покрај овие правни субјекти кородирани инспекциски надзори беа спроведени и во 10 текстилни фабрики. Имено, инспекторите за труд извршија вкупно 74 инспекциски надзори. При инспекциските надзори констатирани се неправилности кај 41 работодавач за што се донесени исто толку решенија со опомена за отстранување на утврдените неправилности кои се однесуваат за неисплатена плата и придонеси од плата во рок утврден согласно Законот за работните односи ( најдоцна 15 дена по завршување на претходниот месецот), не исплатена минимална плата која е во висина од 14.943, денари – велат од Трудовиот инспекторат.

Оттаму објаснуваат дека се направени 17 контроли за да се види дали постапиле по решенијата и е констатирано дека 7 не постапиле. Затоа, за 6 фирми е издадено решение со наредба, а една микро фирма е казнета со 250 евра. За останатите надори течат роковите за што ќе следат контролни надзори дали се отстранети недостатоците, велат од Инспекторатот.

loading...