| |

ТРОЈЦА ВОЈВОДИ НА ВМРО „ОЖИВЕАЈА“ ВО УМЕТНИЧКО ДЕЛО НА ПРОЧУЕНИОТ ЛИКОВЕН УМЕТНИК БОРИС МАСКРЧКИ

Проектот е реализиран со помош на организациониот секретар на ВМРО, Јулиан Ангелов. Автор на уметничкото дело „Тројцата војводи од Чучулигово“ (Георги Хазнатарски, Тома Радовски и Лазар Кунгалов) е бугарскиот иконописец и ликовен уметник Борис Маскрчки.

Папата Франциск поседува копија од икона од св. Кирил и Методиј која е дело на Маскрчки. Исто така негова икона била дарена и за време на посета на бугарска делегација во Ватикан.

Борис Маскрчки веќе четврта година ги црта стенописите на црквата „Преображение Господово“ во Крушево. Храмот се издига врз остатоци од темели на црква од 12-ти век а неговото реновирање почнува во 1986 година со донации и доброволен труд на крушевчани. Во иницијативниот комитет учествуваат и родителите на големиот македонски пејач Тоше Проески.

Целиот проект околу уметничкото дело е поддршан од Јулиан Ангелов, комисар Алекандар Радовски, правнука на војводата Тома Радовски и Александар Јанушев експерт за ликовна уметност и потомок на комити од ВМРО. Георги Хазнатарски е окружен војвода, додека Тома Радовски и Лазар Кунгалов се реонски војводи во Серскиот револуционерен округ на ВМРО. Радовски и Кунгалов се први братучеди и потекнуваат од селото Радово-Серско, додека Хазантарски е братучед на преподобна Стојна. Тој е роден во селото Хазнатар – Серско.



Слични Објави