КРАДЕЦОТ ОД НЕБРЕГОВО
Верувам во реинкарнација. Од педагошки причини. Многумина заслужни не добиле адекватно признание во овоземниот живот. И обратно!
Голем број крадци, наместо во затвор, се изнауживале во привилегиите на овоземниот живот. Си велам-ќе платат во наредниот.
Например: знам за еден крадец по име ЛАЖЕ. Беше умен крадец, не крадеше ни пари, ни кокошки, ни коли. Крадеше БУКВИ. Од својот народ.
Но буквата е тешка работа. Не можеш сам да ја подигнеш. Например буквата Ъ. Тешка ко планина. Затоа ти требаат соучесници. А тоа се вика- комисија. А тоа се вика-комисија. Ако не успееш со I-та, обиди се со II-та, за конечно да ја украдеш со III-тата. Упорноста се исплатува. И богато се наградува. Наместо во апс, одиш во академија.
Верувам во реинкарнација.
30.03.2007г. Охрид.
Автор: Љупчо Куртелов