PCR ТЕСТ ЗА СИТЕ ШТО ВЛЕГУВААТ ВО БУГАРИЈА

За влез во Бугарија ќе биде потребен негативен PCR и тоа важи за патници кои влегуваат од сите држави, соопшти министерот за здравство Костадин Ангелов.

loading...

Бугарските власти не објавуваат кога ќе стапи на сила новото барање, туку велат дека неговата цел е „да ја зголеми безбедноста на бугарските граѓани во врска со внесувањето на новиот тип на коронавирусот“.

Досега, Бугарија бараше негативен тест само од оние кои доаѓаат од некои земји надвор од ЕУ, а европските граѓани беа ослободени од него.


loading...