ТУРЦИЈА ЌЕ ГИ СУДИ УРЕДНИЦИТЕ НА „ШАРЛИ ЕБДО“ ЗАРАДИ КАРИКАТУРАТА СО ЕРДОГАН

Турција ќе ги преземе сите потребни судски и дипломатски активности како одговор на карикатурата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објавена од францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо, соопшти дирекцијата за комуникации на турското претседателство, објави Ројтерс.

loading...

Турскиот државен врв ја осуди карикатурата нарекувајќи ја „одвратен обид“ за „ширење на културен расизам и омраза“.

Државните медиуми подоцна објавија дека турското обвинителство започнало истрага против водачите на Шарли Ебдо.

“Нашиот народ не смее да се сомнева дека ќе бидат преземени сите потребни правни и дипломатски чекори против оваа карикатура. Нашата борба против овие груби, злонамерни и навредливи активности ќе продолжи до крај со здрав разум, но и решителност”, соопшти дирекцијата.

loading...


Францускиот магазин објави карикатура својата насловна страница на која е прикажан Ердоган, како пие пиво и го крева здолништето на жена со хиџаб, покажувајќи го нејзиниот гол задник. Насловот гласи: на карикатурата гласи: „Ердоган: Насамо, тој е многу забавен“.