|

Турската лира на речиси рекордно ниско ниво по победата на Ердоган

Турската лира ослабе откако Реџеп Таип Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори во неделата, оставајќи ги инвеститорите да бараат знаци дека тој ќе почне да ја попушта цврстата контрола на државата над пазарите, пренесува „Ал Арабија“.

Вредноста на турската лира падна за дури 0,3 отсто на 20,03 во однос на американскиот долар, блиску до рекордно ниско ниво, пред да закрепне на 20,01 рано утринава во Истанбул.

Волстрит смета дека турската лира допрва ќе паѓа, а од „Морган Стенли“ предупредуваат дека таа може да достигне до 26 во однос на доларот порано од очекуваното и да се лизне на 28 до крајот на годината ако Ердоган продолжи со политиката на држење на каматите на ниско ниво.

„Победата на Ердоган не нуди утеха за ниту еден странски инвеститор. Со многу висока инфлација, многу ниски каматни стапки и без нето девизни резерви, се сооќуваме со болна криза што ќе влијае на сите средства “, вели Хаснаин Малик, стратег во „Телимер“ во Дубаи.

Ердоган лесно обезбеди победа во вториот круг, освојувајќи 52% од гласовите, според неофицијалното пребројување.

Неортодоксниот пристап на Ердоган кон каматните стапки – тој верува дека пониските стапки водат до пониска инфлација – ги остави пазарите во зависни од непредвидливата мешавина на ад хок регулативи и интервенции, со новите мерки воведувани неформално и речиси на дневна основа.

Тие, исто така, избркаа нов бран инвеститорите, при што вкупните странски вложувања во турски акции и обврзници се намалија за околу 85%, или 130 милијарди долари, од 2013 година.

„Очигледно е дека сегашниот економски модел не функционира“, истакнува Бурак Четинчекер од „Стратеџи портфој“ во Истанбул.

Скапи беа и државните политики, при што Централната банка потроши околу 200 милијарди долари во текот на изминатата година и половина за да ја поддржи лирата, додека нето девизните резерви станаа негативни, па инфлацијата се искачи над 80% минатата година, пред да падне на 44 отсто во април.

Напори на опозицијата во првиот круг од претседателските избори на 14 мај, кои беа послаби од очекуваното, доведоа до нагол пораст во промената на кредитните обврски, пад на банкарските акции за повеќе од 20% и повлекување на турската валута.

„Треба да се направат некои корекции за барем да се избегне останувањето без девизни резерви. Ќе се чекаат соопштенија за политики, бидејќи сегашните хетеродоксни политики се неодржливи “, рече Виктор Сабо, инвестициски директор во Абрдн во Лондон.

Слични Објави