Бугарскиот парламент ја изгласа оставката на владата на Росен Желjaзков
Собранието на Бугарија со 227 гласа „за“ и без „против“ или воздржани ја усвои оставката на владата предводена од премиерот Росен Желјазков, јавува БГНЕС. Одлуката беше претставена од пратеничката на ГЕРБ-СДС Деница Сачева, која појасни дека кабинетот ќе продолжи да ја извршува функцијата до изборот на нова влада.
Причините за оставката беа предмет на остри дебати. Од ПП-ДБ изјавија дека владата паднала поради јавниот притисок и политичката криза, поврзана со влијанието на Делјан Пеевски и спорниот буџет за 2026 година. Од ГЕРБ-СДС, пак, оценија дека управувањето во услови на засилени протести е невозможно и дека оставката е одговорен чекор за да не се продлабочи нестабилноста.
Во расправата беа разменети меѓусебни обвинувања меѓу ГЕРБ-СДС, ПП-ДБ, БСП и ИТН околу одговорноста за буџетот, реформите и политичкиот дијалог. Беше истакнато дека продолжениот буџет мора да го предложи владата во оставка, со цел да се гарантираат исплатите и финансиската стабилност до формирање нов кабинет.
