|

Турскиот бизнисмен: Зградата само се навали, тие што не се градени по процедури се срушијa цели

Мехмет Јашар Чошкун, изведувачот на „Rеnesans Residence“ комплексот со 250 апартмани во Хатај, кој беше фатен на аеродромот во Истанбул додека се обидуваше да избега во странство е испратен во затвор, пренесуваат турските медиуми.

Тие објавија дека осомничениот бил затекнат со кеш од 10 илјади и 200 евра. Утринава, како што пренесуваат, тој дал исказ пред судија, за тоа дали има некаква вина за уривањето на зградата што ја изградил, нешто што според написите ќе се открие дури по вештачењето.

„Одев во Црна Гора за да ги дадам тапиите на зградите што ги изградивме во Црна Гора“, рече Чошкун тврдејќи дека немал намера да избега.

За комплексот поради кој се обвинува, тој вели дека зградата само се навалила.

„Таа само се навали. Зградите кои не беа изградени во согласност со процедурита беа уништени по земјотресот и се урнаа. Нашата зграда само се навали. Немаше уништување“, вели тој.

Во своја одбрана, адвокатот на Чошкун тврди дека неговиот клиент имал и 20 станови во предметната резиденција и дека и негови роднини загинале како резултат на уривањето на оваа резиденција.

Адвокатот на Чошкун во своја одбрана додаде дека 200-те илјади лири што ги имал неговиот клиент кога требало да ја напушти државата не се многу голема сума со оглед на финансиската состојба на неговиот клиент.



Слични Објави