| |

Туск: Европските лидери со заедничка изјава по разговорите со Зеленски и по средбата Трамп–Путин

Премиерот на Полска, Доналд Туск, соопшти дека европските лидери подготвиле заедничка изјава по повод резултатите од преговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, одржани по руско-американските разговори во Алјаска, јавува БГНЕС.

„Дискусијата на европските лидери, со оценка на изјавата на претседателот Трамп и резултатите од средбата во Алјаска, заврши. Заедно со Емануел Макрон, Фридрих Мерц, Киер Стармер и Џорџа Мелони, го слушнавме мислењето на Зеленски и подготвивме заедничка изјава,“ напиша Туск на социјалната мрежа Х.

Претходно, во Алјаска се одржаа преговори меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп. Средбата беше во воената база Елмендорф–Ричардсон во Анкориџ, а разговорите во тесен формат „три на три“ траеја два часа и 45 минути. Од руската страна присуствуваа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, додека од американската страна учествуваа државниот секретар Марко Рубио и специјалниот претставник на американскиот лидер, Стивен Виткоф.



Слични Објави