ТУСК: МЕ НАРЕКУВАА МАНИЈАК ОТИ ИМ ВЕЛЕВ ДЕКА РУСИЈА Е НАШ СТРАТЕШКИ ПРОБЛЕМ А НЕ ПАРТНЕР
Претседателот на Европскиот совет во заминување Доналд Туск изјави дека ги уверувал лидерите на Европската унија дека Русија „ е наш стратешки проблем, а не стратешки партнер“.
„Морав постојано, речиси секоја недела, да ги потсетувам другите дека Русија не е наш стратешки партнер, туку стратешки проблем. Дури бев означен како манијак, бидејќи толку многу бев фокусиран со темата, рече Туск во говорот на Универзитетот во Бриж, пренесува Тасс. Според него, со тоа сакал да го оддржи европското единство наспроти „агресивната политика на Кремљ“ .