ТВ СТАР: ПЕТАР КОЛЕВ Е ЕДИНСТВЕНИОТ ПОЛИТИЧАР КОЈ МОЖЕ ДА ИМ ГИ МИНИРА СМЕТКИТЕ НА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ВО „ВЕРНИОТ ИСТОК“
СДСМ во Изборната единица 3 на граѓаните им предлага листа на стари но и нови партиски фаворити за пратеници.
Новата листа се потпира на три досега познати имиња а која на најсилно се промовира со некогашниот министер и сегашен генерален партиски секретар Љупчо Николовски. Веднаш до него е водачот на женското борбено крило во СДСМ Јагода Шахпаска а потоа, следуваат.
На трето место на листата е д-р Сашо Николов од Штип кој е еден од клучните адути на СДСМ во Тројката а по него кандидати на СДСМ од Источниот регион се д-р Соња Михаилова од Делчево на шесто, Марија Ангелова од Кочани на осмо, Емилија Рамбабова на 12-то,Елизабета Јованчева на 14-то, Никица Бачовски од Виница на 17-то и на 20-то место е Симона Крстева од Македонска Каменица. до 12 -тото место се следните.
На оваа листа, догоорени позиции за коалиционите партнери се 4, 7,9 и 16 а нивните имиња ќе бидат познати до четвтрток во 00 часот.
Од она кое веке е официјално, се гледа дека на новата листа на СДСМ ја нема фамозната Мира Стојчевска алијас Мира Дизел и досегашниот пратеник од Кочани Сашко Костов.
Листа со свои фаворити до ДИК веќе има поднесено и ГДУ а челното место таму е резервирано за Петар Колев, единствениот политичар кој во моментов во ИЕ 3 може да им ги минира сметките и на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ .
По Колев,редоследот на првите петмина изгледа вака:Втор е познатиот штиски адвкат Марјан Михов, до него е Даниела Трендафилова од Велес а потоа се Спирко Стоименов од Кочани и Дејан Соколов од Виница.
Во оваа анализа недостасува уште листата со имиња на ВМРО ДПМНЕ со коалционите партии но и покрај сите напори , за нас , нивната листа денес беше запечатана со молчење. Извесно е само дека промотивно лице и носител ке биде генералниот секретар Игор Јанушев а сите останати ќе бидат потврдени вечерва на седница на ИК на која не е исклучено да има изненадувања.

