ТВОРЕШТВОТО НА МАКЕДОНСКИТЕ АВТОРИ ПРЕТСТАВЕНО ПРЕД ТУРСКАТА ЧИТАТЕЛСКА ПУБЛИКА

КНИГИТворештвото на македонските автори претставено пред турската читателска публикаОбјавено пред 19 минути – 3 ноември, 2019Од Макфакс

Министерот за култура, Хусни Исмаили, кој деновиве престојува во работна посета на Истанбул, Турција, синоќа во Музејот на уметноста присуствуваше на настанот на кој беше претставено творештвото на повеќе македонски автори во рамки на 38. Меѓународен саем на книгата во овој град.

Пред турската читателска публика и турските издавачи беше претставено творештвото на младите македонски автори Славица Гаџова-Свидерска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Михајло Свидерск. За таа цел беше изготвен и каталог со извадоци од нивните прозни и поетски дела преведени на турски јазик .

Настанот, во организација на Културно-информативниот центар во Истанбул, беше во рамките на проектот „Претставување на македонски автори во Истанбул“ во организација на издавачката куќа „Восток“.