ОД ЕТНОЛОШКАТА РИЗНИЦА НА ТРПЕЈЦА: ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО КАТАЛОГ И ИЗЛОЖБА

Изминатиов месец и половина Здржението „За Трпејца со љубов’ работеше на проектот „Од етнолошката ризница на Трпејца“ кој се релаизира со средства од ресорното министерство за култура од Буџетот на манифестацијата НОВ КУЛТУРЕН БРАН – 2019.

Направивме истражување собравме етно – материјали од Трпејца и подготвивме изложба и посебена публикација – каталог под истиот наслов на македонски и англиски јазик. Каталогот освен културна има и туристичко – промотивна димензија. Неговата успешност е мотив плус ние од Здружението да продолжиме во таа насока, вели авторот на проектот, кој е и уредник на каталогот м-р Милчо Јованоски.

Промотор на каталогот кој е во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе биде етнологот Оливера Мишева.
Изложбата ќе биде отворена во просториите на Подрачното ОУ „Св. Наум Охридски“ во Трпејца, на 3 ноември во недела од 16 часот.