УАПСЕН ВОДАЧ НА СЕКТА , КРИЕЛ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНА
Јужнокорејските власти го уапсија основачот на тајната христијанска секта , Ли Ман-хе, која стана жариште на коронавирусот, за наводно криење на важни информации во врска со мониторингот на контакти на заразени и други злосторства.
Ли Ман-хе е влијателен водач на црквата Исусова Шинкеонџи, која е поврзана со повеќе од 5.200 коронавирусни инфекции, или 36 проценти од сите случаи во Јужна Кореја.
Обвинителите тврдат дека 89-годишниот Ли, заедно со другите водачи на сектата, планирале да ги скријат од властите информациите за скокот на заразените меѓу неговите повеќе од 200.000 следбеници.
Ли е исто така обвинет за проневера на повеќе од 4,7 милиони долари од црковни фондови, пренесува Ројтерс. Тој е уапсен веднаш откако судот издаде налог за апсење.