|

Уапсен возачот на автобусот кој учествуваше во несреќата во која загинаа десет лица во Австралија

Против возачот на автобусот кој се преврте во сообраќајна несреќа во кружен тек во Австралија кога загинаа 10 патници денеска е поднесено обвинение.

Ројтерс претходно објави дека возачот на автобусот бил однесен во болница под полициска придружба за да биде подложен на задолжително тестирање и евалуација на дрога.

Автобусот превезувал 35 патници од свадба во руралното подрачје Хантер, кога се превртел на страна на кружен тек, при што загинале најмалку 10 гости на свадбата, а другите биле повредени.

Австралискиот премиер Ентони Албанес изрази „најдлабоко сочувство“ до семејствата на загинатите и повредените.

„Сите ја знаеме радоста од одењето на свадба. Да заврши еден ваков радосен ден со толку страшни загуби и повреди е толку сурово, тажно и неправедно“, рече Албанезе.

Агенцијата наведува дека ова била најтешката сообраќајна несреќа во Австралија во последните 30 години.

Слични Објави