УАПСЕНО 17-ГОДИШНО МОМЧЕ ЗА ДВЕ УБИСТВА НА ПРОТЕСТИТЕ ВО КЕНОША

Момче на возраст од 17-години е уапсенo во средата во врска со убиството на две лица на протестите во американскиот град Кеноша, каде после пукањето на полицијата во Афроамериканец настана опасен „коктел“ и од бунтовници и од вооружени групи за самоодбрана.

Претседателот Доналд Трамп, во кампањата за претседателски избори, остана доследен на својот цврст став велејќи дека испраќа засилување во тој град на северот од САД, каде полицијата во неделата тешко го рани Џејкоб Блејк, 29-годишен Афроамериканец, со седум куршуми во грбот.

По објавувањето на снимката од тој настан се нижат протести на кои се повеќе се бара правда и приведување на полицајците кои засега се само привремено ослободени од должност.