УБИСТВО ВО КОЧАНИ-МВР СО ДЕТАЛИ

Убиство по крвава семејна драма во Кочани.

Од полицијата информираат дека утрово во 05.20 часот Д.С.(30) од Кочани пријавил дека во семејниот дом на ул.”Климент Охридски” во Кочани неговиот татко В.С.(55) со остар предмет ја нападнал неговата мајка Н.С.(46).

Според информациите во нападот Н.С., се здобила со повреди и била пренесена во болницата во Кочани.

„Полициски службеници излегле на местото на настанот при што пронајдено е безживотното тело на В.С. со убодна рана во пределот на градите“, велат од полицијата.

Увид се врши од Јавен обвинител и екипа на ПС Кочани и се работи на расчистување на случајот.