|

Ученичка од „Кочо Рацин“ направила список на соученици, во него имало и закани

Кај ученичка во основното училиште „Кочо Рацин“ бил најден список со имиња, а кои соодејствувале со имиња од нејзини другари. Девојчето има помалку од 14 години, а за случајот е запознаена и полицијата. Веќе од вчера се преземаат дејства за расчистување, известени се и родителите. Содржината на писмото не се открива, а повеќето медиуми известуваат дека станува збор за заканувачка содржина.

„47-годишна жена пријавила дека во основно училиште на подрачјето на Центар ученичка во училиштето направила список со закани за соученици. Известени се директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

За случајот е известен и јавен обвинител.

„Известени сме за случајот. Тој се документира“, велат од Обвинителство.

Ова доаѓа по масакрот во Србија и кај детето што го изврши злосторството беше пронајден список со имиња, а накои биле од нив повредените и убиените.

Макфакс се обиде да стапи во контакт со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, но тој не одговори на повиците и пораките.



Слични Објави