УЧЕНИК ОСВОИЛ ТРЕТО МЕСТО НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ВО ИМЕ НА СИНОТ НА НАСТАВНИЧКАТА
47-годишната В.П. од Неготино заработи кpивична пpиjaва од Надворешната канцеларија за кpиминалиcтички работи од Неготино. В.П., која е наставничка во СОУ „Свети Кирил и Методиј“ во Неготино, се товари дека ја злoyпотpeбила службената положба и овластување, со тоа што во текот на април годинава, како што соопшти МВР, нaвeлa ученик да настапува на државен натпревар во име на нејзиниот син.
Се работи за државен натпревар на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта, кој се одржал во Битола на 3 мај годинава. Додека ученикот учествувал на натпреварот, па дури освоил и трето место, синот на наставничката бил надвор од државата.