УЧЕСНИЦИТЕ НА ПРОТЕСТОТ ВО НОВИ САД СИМБОЛИЧНО ГО ИСПРАТИЈА ВУЧИЌ ВО ЗАТВОР
Учесниците на протестот Сојуз за Србија во Нови Сад синоќа поставија голем постер со решетки на централниот Плоштад на слободата зад кој го „ставија“ српскиот претседател Александар Вучиќ и неговите соработници.
На постерот пишуваше „Бахами или Забела“ и на него симболично во Казнено-поправниот завод Забела ги испратија Александар и Андреј Вучиќ, Милош Вучевиќ и Слободан Милиќ Бочар, за наводна „незаконско работење“.
Претходно, на протестен собир, режисерот и писател Милан Белегишанин рече дека српските граѓани заборавиле што е тоа култура.
