|

УЈП: ПОДДРШКА ОД НАД 10 МИЛИОНИ ЕВРА ДОБИЈА 7.710 ФИРМИ ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ

Управата за јавни приходи информира дека се обработени и одобрени барања за финансиска поддршка на 7.710 фирми во износ од 659.324.245 денари или 10.7 милиони евра, пренесува Фокус.

„Заклучно со денешното известување, Управата за јавни приходи одобри и обработи вкупно 17.813 барања за финансиска поддршка на фирми за исплата на плата за месец април 2020 година за 110.325 вработени, а вкупниот износ на финансиската поддршка изнесува 1.545.193.018 денари“, се наведува во соопштението од УЈП.

Управата додава дека продолжува со дообработка на останатите барања на фирми кај кои имаше технички недостатоци во МПИН пресметката.



Слични Објави