Украина доби први испораки на гас од Азербејџан по Трансбалканскиот коридор преку Бугарија
Украинската државна енергетска компанија Нафтогаз го потпиша првиот договор со азербејџанската државна нафтена и гасна корпорација SOCAR за увоз на природен гас по Трансбалканската рута, јавува БГНЕС.
„За првпат се остварува пробна испорака на гас по Трансбалканската рута — по коридорот Бугарија–Романија–Украина“, се вели во официјалното соопштение на Нафтогаз, објавено на веб-страницата на компанијата.
Иако обемот на испораката не е прецизиран, од украинска страна истакнуваат дека тој е мал, но со стратешка важност.
„Ова е мал по обем, но стратешки важен чекор кој го отвора патот за долгорочна соработка“, изјави извршниот директор на Нафтогаз, Серхиј Корецки.
