Украина: Руските сили извршија ракетен напад врз железницата Днепар

/

Руските сили истрелаа ракети врз објектот на железничката инфраструктура во Днепар, соопшти денеска прес-службата на украинските железници.

Според соопштението, меѓу железничарите нема повредени, а степенот на штетата ќе се процени по завршувањето на тревогата за воздушен напад, пренесува Интерфакс Украина.

– Руските војници продолжуваат прецизно да ја таргетираат железничката инфраструктура. Имаше уште еден ракетен напад врз железничката инфраструктура во Днепар – објави компанијата на каналот Телеграм.

Извор: Темите





Претходна статија

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за активна блокада на собранието од 10 мај

Следна статија

Зеленски: Украина е подготвена да помогне за прекин на огнот во „Азовствал“ за да се извлечат луѓето

Најново од Вести