|

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за активна блокада на собранието од 10 мај

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за активна блокада на собранието од 10 мај, власта има уште 5 дена да си го преиспита однесувањето. На вчерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беше дискутирано за националната катастрофа во која е втурната Македонија со СДСМ и ДУИ. Ситуацијата која е предизвикана од СДСМ и ДУИ, а се бележи со сиромаштија, криминал и корупција резултира и со состојба во која Македонија ја има се помалку, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека СДСМ и ДУИ се креатори на сите кризи, и тие не можат да бидат решение, напротив кризите се повеќе се продлабочуваат, затоа се потребни предвремени парламентарни избори.

Власта е игнорантна кон реалноста и во СДСМ и ДУИ мислат само на своите фотелји, и затоа се борат и по цена на национални загуби да останат макар ден повеќе на власт.

Оваа ситуација во која е државата не смее да трае долго, зошто последиците од криминалот, корупцијата и неспособноста на владата се огромни. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон активна блокада на собранието, а со цел предизвикување лидерска средба на која ќе биде договорен датум за предвремени парламентарни избори, и ќе се пристапи кон изнаоѓање на решенија во клучните сектори во кои ВМРО-ДПМНЕ понуди тимови. Тоа се секторите финансии, здравство, образование и секако меѓународните односи, европските интеграции и проблемот којшто Македонија го има со Бугарија.

Ковачевски има доволно време до 10 мај да се предомисли и да пристапи кон организирање на лидерска со цел дефинирање на датум за избори, се вели во соопштението.

Слични Објави