|

Украинска пратеничка: Не ни се чини дека Русија сака мир

По веста за прекин на струја низ Украина, украинската пратеничка Кира Рудик од проевропската партија Холос разговараше со новинарите на светскиот сервис на Би-би-си во емисијата „Њуздеј“.

„Секоја вечер сме нападнати“, рече таа.

„Не ни се чини дека Русија сака мир и навистина сме изненадени што некој во светот мисли поинаку“, рече таа, мислејќи на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Би било многу едноставно за нив да покажат дека сакаат мир – тие само ќе треба да ги повлечат своите трупи од Украина и тоа би било тоа“, рече таа.

Текстот Украинска пратеничка: Не ни се чини дека Русија сака мир е превземен од МАКФАКС.

Слични Објави