| |

Универзитетот во Велико Трново и две бугарски организации во Кипар го создадоа проектот „Дигитален ранец- мојата Бугарија“

Универзитетот во Велико Трново „Свети Кирил и Методиј“ во партнерство со Сојузот на Бугарите на Кипар и Грчко-бугарското здружение за култура „Паисии Хилендарски, во рамките на програмата Еразмус + го спроведе проектот „Дигитален ранец – мојата Бугарија“, јавуваат од Извршната агенција за Бугарите во странство.

Целта на проектот е преку новите иновативни технологии да се претстават традиционалните училишни предмети и на интересен и возбудлив начин да им се претстават на учениците потребните информации, кои ќе помогнат во нивната подготовка.

„Дигитален ранец – Мојата Бугарија“ обединува три интелектуални производи: Електронска платформа за учење, Интерактивно помагало за ученици со бесплатен пристап за изучување на бугарски јазик во странство и Методолшки водич за наставници.

Веб-страницата на коja што е достапно помагалото е www.digitalbag.bg. Истото може да се користи бесплатно од сите образовни институции, наставници, ученици и др. Вклучените наставни содржини се од предметите Бугарски јазик и литература, Историја и цивилизации, Географија и економија за ученици од 1 до 7 одделение. Треба да се вклучат модули за средношколци, а потоа и модули за деца од предучилишните групи.

Достапни се 10 модули: „Моја, твоја, наша Бугарија“, „Природа – мрежа на животот“, „(Не) секогаш научени лекции од минатото“, „Патеки на меморијата“, „Билет во еден правец од/до Бугарија“ и др. , работни листови за предметите бугарски јазик и литература, географија и економија и историја и цивилизации, електронски тестови, концептуален речник, водич за наставници со слободен пристап, креативни идеи во делот „Да учиме поинаку“. Одговорите и скалата за оценување на електронските тестови е можно да се добијат преку е-пошта: [email protected], на која може да се испраќаат коментари, препораки и прашања.



Слични Објави