| |

Универзитетската болница во Пловдив доби медицинска опрема во вредност од 240.000 евра

Универзитетската болница „Пловдив“ во Бугарија доби донација во вредност од 240.000 евра, која опфаќа болничка опрема, медицински потрошен материјал, инструменти, кревети и носилки, јави Бугарското национално радио (БНР) – Пловдив.

Донацијата е обезбедена од професор Валентин Џонов, директор на Институтот за анатомија при Универзитетот во Берн, Швајцарија, и раководител во Малтешкиот ред. Според раководството на болницата, донираниот медицински потрошен материјал ќе ги покрие потребите на хируршките одделенија во период од четири до шест месеци.

Професорот Џонов е бугарски научник кој работи во странство и продолжува да поддржува здравствени и социјални установи во Бугарија. Тој учествува во проекти за стручно усовршување на млади лекари и научници, а активно се занимава и со хуманитарна дејност. Неговите добротворни иницијативи се реализираат во соработка со Суверениот Малтешки ред во Швајцарија.

Слични Објави