УШТЕ ШЕСТ ПАЦИЕНТИ ЈА ИЗГУБИЈА БИТКАТА СО КОВИД-19, НА ВОЗРАСТ ОД 54 ДО 82 ГОДИНИ

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 131 заразен со корона вирусот, но и шестмина починати.

-Починати се 6 лица, еден пациент од Охрид (56г), двајца пациенти од Скопје (63г и 80г), двајца од Прилеп (78г и 54г) и еден пациент од Штип (82г), информираат од Министерството за здравство.

Вкупниот број на починати се искачи на 596.

loading...

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 81 оздравен пациент од: Скопје-27, Дебар-1, Штип-10, Тетово-11, Струга-5, Битола-1, Гостивар-9, Струмица-5, Радовиш-1, Кочани-1, Виница-4, Делчево-3, Кичево-3.