|

Утре, сообраќајот во Тетово ќе се одвива нормално и без ограничувања, одложена е посетата на странската делегација

Секторот за внатрешни работи Тетово известува дека најавениот изменет, односно посебен сообраќаен режим за утре (11 јануари) во Тетово, нема да се спроведе од 5.30 до 12 часот, како што првобитно беше планирано бедрјќи посетата на високата делегација од Собранието на Кралството Саудиска Арабија е одложена.

Тоа значи, односно подразбира, како што појаснуваат, дека утре сообраќајот во Тетово ќе се одвива нормално и без никакви ограничувања на претходното споменатите улици, а тоа се однесува и за паркирањето на возилата.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи и особено оние што се однесуваат на паркирањето на возилата, а пред сè, да избегнуваат паркирање во таканаречени двојни редови.

Слични Објави