| |

Утре започнува 42-рото издание на “Малиот Битолски Монмартр”

Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола утре со почеток во 19 часот ќе го претстави почетокот на 42-рото издание на “Малиот Битолски Монмартр”.

Оваа година организацијата бележи големи цифри на своите манифестации како и значајно чествување во своето постоење. Утре вечер на платото Монмартр пред детската ликовна галерија Мал Монмартр во срцето на старата битолска чаршија ќе се одбележи 55 години од основањето на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола а со церемонија на Свечено отворање ќе започнат 2-те најстари и најголеми светски детски манифестации.

Ќе се отвори светската детска ликовна изложба “Битола” која годинава ќе го има своето 41-во издание како и 42-рото издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр”.

2О делегации со над 12О учесници веќе пристигаат во Битола. Од Кина, Индија, Романија, Полска, Словачка, Израел, Турција, Бугарија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска , Црна Гора и Северна Македонија.

Голем број дипломатско конзуларни претставници веќе го најавија своето присуство во името на своите земји. Еминентни професори од Португалија – Русија и Романија се составот на тричлената интернационална жири комисија која ќе доделува по 4 награди на денот и на крајот од манифестацијата ќе ги додели наградите за најдобро школо – најдобар ученик и 12 поединечни награди за креативен и уникатен уметнички пристап. Учесниците имаат обемна програма.

Оваа година за прв пат за време на колонијата [ 23 – 3О мај 2О23 година ] ќе се отворат 2 изложби на ликовни дела од “Малиот Битолски Монмартр низ годините и тоа во Генералниот Конзулат на Грција во Битола и Генералниот Конзулат на Бугарија во Битола. Пет колониски дена ќе се слика
староградска и урбана архитектура во Битола а ќе се реализираат и традиционалната посета на Охрид и оваа година на 1ООО годишниот манастир Свети Јован Бигорски.

Колонијата е резултат од светскиот детски ликовен конкурс на кој за 2О23 година пристигнаа околу 44.ООО детски ликовни дела од над 65О државни и приватни школи од 71 држава создадени од над 4О.ООО млади ликовни уметници и талентирани ученици.

Слични Објави